феуд (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бегови, аги крвни си мразел  и секој феуд - народен враг,  в Република земја сакаше да видиш, -  в слобода грејнат татков праг!
        
      
    
    
    
      „Мое село“
         од Ванчо Николески 
        (1950)
        
        
    
    
   
   
         
	        