филигран (м.)

Оваа убава сатира е насекаде предадена во филигран, во мноштво форми, низ чудесниот стил.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Што е тоа филигран? - Фина, нежна изработка од сребро или од злато што личи на тантела – ми објасни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секој филигран има својата историја, во секој филигран мајсторот внесува душа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Зарем прстенов не е сребрен? – се зачудив – ти рече како филигран, а не рече филигран – ја „уловив”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој најдолго запре пред излогот на еден филигрански дуќан целиот со најразлични сребрени, чудесно изработени филиграни како: раскрилени пеперутки, богат накит во различни облици, прстени, бразлетни, обетки, ѓердани, накитени кубури.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да се изработи апсолутно успешен филигран, потребно е сребро илјада карати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)