фурка ж.

фурка (ж.)

Разбојот и влачењето сакаат седење на едно место, а со фурката може и на вода и в комшии да се прошета и да не губи од работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Баба ја набоди фурката под мишка, ја оптегна каделата и одмерено го врти вретеното и сучи бел конец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како брат ми Митре, да му се миросаат коските и Господ златен да им отсече и раце и глави на тие шо го заклаа... - се прекрсти баба и потоа ја дофати фурката и почна да преде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не се мешај во машките муабети! - ѝ подвикна дедо на баба, а таа поцврсто ја фати фурката и, вртејќи го вретеното налутено, излезе од одајата без збор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја зеде ронкарката метла, ги смете ронките, им тури пак вода на рацете, кладе борина, седна покрај оган и ја запна фурката да преде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На самиот камен стои фурка, а покрај него табла полна со пластови. Време квечерина.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Божем некој друг ти печали та ајде, бабо Анчо, удри гори што повеќе. (Ја зима фурката и седнува на каменот) Да ти се невиди и среќата твоја вака...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Си зеле фурките. ракавите, калците, чорапите, си седат, си предат, си везат или плетат, чекаат ред и разговараат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајде, на куп фурките и вретената!... - Тој собра сува трева, накрши суварки, ги пикна под купот и ги запали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Фурките и вретената таму, во еден куп! На извршување!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чувај, од овие две раце чекаш... дури и тие некој ден не се исушат... (преде на фурката. Пауза). (влегува поп Јанче и оди кон баба Анча полека играјќи се со бројниците).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Пулиш? Сите ние, која фурка, којa вретено и скоро сите имаме игли за плетење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во оџакот одново се разигрува пламенот, баба ја остава фурката и стана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)