хризантема ж.

хризантема (ж.)

И пак молчиме и ги гледаме хризантемите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А тие сосила сега ќе ги земат. Без цигански романси и хризантеми.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Високата георгина уште повеќе се исправи, белите хризантеми си ги раширија листенцата подавајќи се на нежното милување, паднатите, жолти лисја подлетнуваа, а трите розови пупки - лесно нишкајќи се расцутеа од радост...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
По алеите расцветани разнобојни хризантеми.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секој ден пристигаа барем по два букети хризантеми, или рози, или лалиња.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Над вратата имаше сплетен венец од бели хризантеми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А зад хризантемите се наѕираше во аголот памучниот палјачо. Беше нем. Тоа беше само игра.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Облечена во бело, како во прошетка низ библијата, Едно утро таа забележа: Затворени прозорците на дуќанот, Изгорени хризантемите во нејзината саксија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја гледа долго Богдан таа заемна игра на ветерчето, хризантемата и водата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Белите хризантеми се навалија една на друга, жолтите листенца - коку што можеа - се припија кон влажната земја, а трите розови пупки замижаа од страв...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Влегуваше и низ самоделно направените врати и прозорци, на кои мразот како уметник везеше хризантеми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таму, како да му се опират на невремето, цветаат хризантемите. Ѝ велам на Билјана: - А хризантемите, а?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Си ги цртам хризантемите, - ми објасни Билјана. - Да ми останат за спомен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Згужвано топче нови јени, излитено адресарче стегнато со ластичиња, банковен чип од „Митсубиши“, јапонски пасош со златна хризантема отпечатена на кориците и кинеска 22- ка.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Погледни ги колку се убави! Ги гледаме хризантемите, и како првпат да ги гледаме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нина рече дека тоа биле хризантеми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Затоа што во зборот хризантема секогаш има тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не мислеше на тоа како што не мислеше на хризантемите и на нарцисите пред темното око на деветмилиметарскиот валтер.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)