хроничар (м.)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој не сака, како што коментираат хроничарите, да го мине Рубикон: бара враќање на бегалците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како признат хроничар на родот Буколовци и фамилијата Прокопиеви, бившиот адвокат бате Иле (така во семејството го викавме и ние, половина век помлади од него) долгата семејна историја ја зачинуваше со историски податоци уште од времето на османлискиот војсководец Лала Шахини, према записите на историчарот Пастухов (презиме што, признавам, не сум го провел, но кое звучеше во целосна согласност со предметот на неговото интересирање – инвазијата на турските освојувачки орди).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Има ли корен што расцутува во невиност Или невиноста ја има само во записите На државните хроничари и режимски писатели?
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
* Запис пронајден во домот на маалски хроничар
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Крај неа, со денови, останувале замислени императорските стратези, хроничарите, поетите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некои хроничари велат дека во 17 век во Фландрија и Холандија сликарството било попопуларна дејност отколку што се денес фудбалот и филмот заедно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ревносните воени хроничари бележат со сигурност дека Лакхдар, претходејќи им на сините шлемови, со сигурност има заслуги во спасувањето на животите и домовите на милиони луѓе во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мене ми преостана да ви ја раскажам оваа заедничка прикаска за границата, како нејзин хроничар, со надеж дека еден ден ќе се вратам во родниот Поградец, во времето кога неа ќе ја нема или ќе го изгуби некогашното значење...
„Граница“
од Луан Старова
Претскажувач и хроничар на изразот „постмодернистички” во областа на архитектурата стана Чарлс Џенкс (Jencks), којшто, почнувајќи од 1975 г., овој поим го популаризира и воведува во употреба.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но андерграунд уметникот одбива да биде хроничар, тој исто така одбива да биде шут.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)