хули (несв.)
Не хулете го Бога! тој е најмалку виновен за чудните патишта што ги избира нашата слобода.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Кој е тој да ги мери и премерува нашите заслуги и хула бесчесна да фрла врз видението и буквите на отец Стефан?“, праша отец Маргарит Духовникот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од што им беа убави гласовите на билките од што им беше жална молитвата добиче стиснато до ѕидот со испружен јазик хули на бога и фрла копита кон небесата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)