царски (прил.)
Царски е патот на змиите:
ја сечат отмено поврвнината
на брановите, легнуваат по карпите
тивко, како сонце на залез
се лизнуваат меѓу нозе
очи в очи се судираат, исчезнуваат
без страст, без отров
секогаш совест од којашто извираат
водите, се ведат змејчињата
за да се одржи невидливата рамнотежа
- услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На таа става од Бога дадена и парталите ќе изгледаат царски.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„А вие изедете го моево добиче и запалете го копитото, грејте се и раскажувајте за царски синови.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се шегачевме царски, ама беше смешно, ама беше весело, луѓе!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)