цвекло (ср.)
Секое утро ти правев сок од свежо цвекло и морков.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И цвекло јадам, и ужинката, дури и лебот со мед.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Сам... - повтори оној нискиот назад, што го држеше својот крај од носилката повеќе на своите црвени како цвекло раце, отколку на рамото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)