цврцнат прид.
цврцне св.

цврцнат (прид.)

Се работеше за ампутација на половина нога на еден стар искусен цврцнат морски волк кому почнуваше да му се развива гангрена, која се должеше на напреднатата артериосклероза.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некои, уште од црква цврцнати, поведоа танец, искочија горе и целото поручек помина за сите како една минута.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По некоја баба, а лебами, и по некоја невеста, си отидоа малку цврцнати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Треќе, те фатат ли да возиш цврцнат, си наебал за навек.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)