цеди (несв.)

Пред да експлодираат кокичињата Се лизнав и паднав и станав и со лопата го фрлав снегот преку рамото на улицата* тркалото шлајфуваше* во машината за перење алишта се цедеше потта од мишките на улицата и смрдеата од устата на ѓубреџиската кола чие тркало шлајфуваше во длабокиот снег* децата дојдоа со везени пиперки и со друг зарзават и со тенџере и со метла небаре ќе прават вештерка а не***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Сред поле долапот се врти сал се врти се цеди од него водата се истура и шурка и сонот блика по земјата што 'рти додека човекот спотнат кон небото го турка.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А има денови кога од облаците со денови и без престан се цеди дождец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Мисла која се враќа како што се враќа Будимпешта, каде што сигурно има толку мостови и толку снег што се цеди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со јазикот ги притиснува до непцете, ги гнети, цедејќи го сокот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но тоа човече измесено од смола, влакна и болежлива пакост на вечно понижено суштество, сѐ уште покажуваше кон домаќинот додека по трепетливата вилица му се цедеа крвави лиги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Низ канелата во неговата вена се цедеше инфузиски раствор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од сичко носат кајмакот од потта цедат го сокот, од сичко носат кајмакот маката нам оставаат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Се цедеа од нив и последните капки млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се цедиш ко јажица извадена од топило. И само се обѕрнуваш кон стомнето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од таванот се цедеше матна светлост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми жубори вода од некаде, се цедат скршени лубеници и портокали, се точат ладни бози и газози.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги позлатува покривите, си прави место меѓу ѕидовите и оградите, го цеди медот меѓу гранките од дрвјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакам да гледам за други како судат, дури полувистини по потреба зачинети, по порачка пратени, туѓи дела како од себе цедат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Од нивните напукнати души се цедела на секој чекор супстанцата на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Анте Поповски во „Две тишини“ ги цеди од себе токму оние капки што ѝ недостасуваат на реката да се излее, токму оние капки кои се исушиле во мислата пред да се прелеат во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Свесен дека е во првиот план на вниманието, син ѝ одеше по неа, ги покажуваше колениците со артистичен гест и сосила ги цедеше последните солзи од маченичките очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе