чаре ср.

чаре (ср.)

Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само булукот кажуваше дека може да си го најде чарето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Туку ти лели си при мене, нема да те оставам овде, ќе ти барам некое чаре и ќе си одиме заедно дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Само таа да му е здрава и убава, да му ја држи куќата отворена, а тој за сѐ ќе најде чаре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас знам оти чудно ви е ова што ви го кажувам ама не е чаре да ве излажам, чунки најпосле испат ќе ви го сторам и ќе ве уверам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Му правеше задоволство на новиот поп да го гледа сина си пред него и да му бара чаре за здравјето, бидејќи други машки деца немаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почна да им ги толкува соништата на луѓето, да им куша, да им бае, да им бара чаре за сето она што ги мачи и боли во душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали имам, јас маж толку пари со мене! Сака да се бара чаре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– „Оти луѓе сме, затоа луѓе сме, му рекле, а за штркови што се правиме, си имаме од деда прадеда клетва да се правиме, чунки тука ние, Силјане, не е чаре да родиме челад според една клетва што ни е оставена од деда прадеда како што ти кажав уште од понапре“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Друго чаре не знам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– „Колку за гемија, Силјане, околу нашава земја не е чаре да може да дојде, чунки бијат талазите во бреговите и околу наоколу бреговите се спили и камења.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Или се делиш од брата ти, или барај си чаре на децата. Јас су си учена сама. Ќе си преврла еден ден преку ридот, шо, знајш — прави си!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Туку да бараме некое чаре, да се поприбериме поблизу до границата, да видиме ќе има ли некоја надеж оттаму или да се прибираме внатре, — проговори како со туѓа уста Тренков.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Има надеш, белки ќе си најде чаре, ќе прибере живот, токо еве — ве, јас ваа кошула а носи една родина здрава, а три како а носа крпена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Командантот беше упорен: „Да не губиме време во сентименталности, со митралезот, горе, а вие, госпоѓо, или во подрум со децата или барајте друго чаре!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
– „Ами не е чаре, стрико, да ми кажеш каква била клетвата од дедови ви за да не раѓате челад?“ му рекол Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Чаре? Море, оди легни си на чаирон, стави нога преку нога и ѕвери се во небоно. Господ сѐ гледа и ќе те разбере!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе