честита (несв.)

Ќе попасат овците додека честиташ ти бајрам на бегот и ќе враќаш назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Откако ми блесна оваа мисла додека ѝ честитав на Деспина чинам сиот досегашен товар како да падна од мене!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во статутот со правила за заедничко живеење што како подарок ќе го добиеш заедно со зеленото светло од пријателките додека те гушкаат и ти честитаат, убаво ќе стои сѐ на што треба да внимаваш во иднина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Танаил со жена му и син му со ифрит во душата гледаа кон куќата од Китан - кои луѓе му влегуваат да му честитаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Виде како сите новодојдени еден по еден се протуркуваа до Деспина и сите ѝ честитаа со целувки, ама никако да погоди кое е момчето што го армасуваа за неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Претседателот со десната рака ми честита, со левата ме прегрнува, ме бацува и потоа, сѐ уште држејќи ми ја раката, се истргнува да можат присутните да видат колку величествено изгледам со почесниот забрадок во боите на државното знаме околу главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Му ја честитаа Новата година и го потсетија да си го поправи оштетениот оџак. Само што не се срушил.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И ние врвиме покрај кафезите и на сите, со ред, им честитаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ајде да си честитаме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На еден канал позната актерка патетично читаше нечии стихови, а на друг во живо вртеа кај луѓе со громогласна „хепи брдеј“ да им честитаат роденден.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Неколку дена подоцна, по една претстава во операта „Гарние“, тој доаѓа позади сцената да ја поздрави, да ѝ честита за прекрасниот настап и ја кани да одат на панаѓур на кој се слави празникот „мајски ден“ слично како во Америка, во едно мало, идилично место надвор од Париз. Таа прифаќа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Честитам! Тоа ти е третата лага денес.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неверојатен сензибилитет и вештина! Честитам и Ви пожелувам и понатаму да го развивате овој талент исто како и пишувачкиот.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Балонов ти го испраќа тетка ти и ти го честита роденденот, - рече баба му читајќи го писмото.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ех, што е така, сега можам да ти честитам свршувачката. Ајде,нека ти е со среќа! Твој касмет била.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Доаѓаа познати и непознати козари да му честитаат на татко ми за купената коза: – Аферим, аферим, комши, и вие сте сега наш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе