чета ж.

чета (ж.)

Ете, погледнете го нашиот комесар на четата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако ги земеме новините од времето на публикувањето на февруарските реформи до и по објавувањето на востанието во Битолско на 20 јули9 и ги прегледаме во нив телеграмите од Стамбул, тогаш ќе видиме оти Портата10 постојано им претставува на рускиот и на австро-унгарскиот амбасадор списоци од битките на турскиот аскер со четите, списоци од најдено оружје при претресите кај населението, списоци од убиства извршени од четите над мирното население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Четата го продолжи патот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа го испратија на некој курс за водници и ете ти го командантот на вториот вод на првата чета... Или да речеме заменикот политкомесар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За илустрација земете го изучувањето на класичните и новите јазици и кореспонденцијата на комитетот или распределувањето на четите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во борбите диви што сторила твојата чета од тебе тогаш ќе слушне.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Можеби затоа што немаше свои, зашто тој уште момче беше кога излезе комита и дваесет и петгодишен стана војвода чија чета надалеку беше прочуена.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бахтијар и бимбашијата не го познаваа местото и не предвидоа дека може некоја чета да ја опседне таа тумба и да ги бие одзади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Редум со известијата за борбата меѓу четите и Турците, во новините се печатат и известија за турските ѕверства над мирни жители.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не знаеме ли ние оти сето време до кога ќе се продолжува борбата со четите, турскиот аскер ќе граби, ќе силува и ќе му прави секакви други пакости на населението?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не треба да се заборава и тоа како се изразуваа во европските весници за битките на четите со Турците: четите се викаа банди и тоа бугарски, а не македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Каде што ќе застанеше дедо Геро со четата таму високо ќе го кренеше знамето на кое пишуваше СМРТ ИЛИ СЛОБОДА.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Погледа сеир некој саат и друг и кога виде дека Бахтијар има намера да ги опколи сосема четите, им запукаа в грб на аскерите и ги распади долу долот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Под цокулите крцка снегот и ѝ се чини толку гласно е крцкањето, небаре цела чета чекори зад неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не барам а наоѓам во себе чудна слика: помеѓу осаменик и чета со нејасни лица е кренат непробоен ѕид со тајни отвори за атак само од едната страна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сигурно некој од гардистите му го има запомнето бројот на регистрацијата и за неколку минути градската полиција и сите чети на гардата ќе го бараат неговиот мерцедес.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Главната работа на комитетот и четите е напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе