чини (несв.)

А сѐ е ко за него, си мислам, нему сѐ ќе му чини, сѐ ќе му прилега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чиниш, посакува - камен да се престори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Му се чинеше дека страшните мечки гребат по вратата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сега да видиме со што плативме ние за таа арнотија, или колку нѐ чини таа?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При сѐ што беше речено погоре за новото течење во развивањето на националното самосознавање кај нас, ми се чини оти мнозина од вас во моите мислења и зборови ќе видат само една мистификација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гнасна кал. Чиниш сета нечистотија од овие простори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ситуацијата ја спаси дебелиот офицер кој цело време седеше на креветот извален назад чиниш затоа што не може да стане.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Понекогаш ми се чини дека живеам само за твоите доаѓања.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Колку и да се основани сите наведени приговори на нашите противници против општоста на Македонските Словени и нивната припадност кон една самостојна словенска целина, пак ми се чини дека можат да им се направат и не помалечки контраприговори, од кои ќе се види дека националното самосознание и преродба на Македонските Словени е нешто многу обично и разбирливо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Устата пак ми е преполна со младо сирење набабрени јаболка и зрели црешни и пак ми се чини дека на стариот стрвник сепак му недостасува последниот залак.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
По таа причина поубави му се чинат на човека речиси само оние наречја и говори што ги слуша тој или ги има слушано почесто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислам дека би било и одвишно овде да тврдам дека нашата живеачка ми се чини многу поприродна во моментите на нејзината разголеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и кога гледаше низ прозорец или ти се чинеше оти сега Даскалот ќе ја фати да не дочула што рекол.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа што седи на брегот и чиниш некого чека сета од мермер и тага само ја живее мирно својата долга смрт
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се чинеше дека големиот проект само навидум им ја зголемуваше суетата со која си го осмислуваа животот до неговиот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Расте, се згустува мрачнината со секој изречен збор, со секоја издишана издишка и во неа го чувствувам виежот на болката и осамата и стегањето на чемерот насобран ко грутка и тврд како кремен, чинам, го чувствувам во мојата сурова дланка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во таква ситуација се чини дека за американските претставници Балканот почнувал единствено надвор од балканските салони и шведски маси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Месечината одблеснуваше со онаа своја болна светлина над маслините и чиниш рееше тагување над оптегнатиот лав во тревите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денес многу човечки ми се чинат оние негови храбрења и довикувања по мачниот пробив од октомвриската заседа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе