чин (м.)
Преобразбата на видливото во невидливо, препознатливото во непрепознатливо, е чин сличен на жестоката преобразба на семантиката в земи: се преповторуваат вековните процеси на трансформацијата од семенката до плодот, обликот на идниот плод го прима обликот на претходниот, но, не се преповторува времето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Таквото задоволство би било заблуда и илузија од кој честопати не е лишен творечкиот чин.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Се разбира, и нашите двајца генерали поверувале дека би можеле да се најдат помеѓу тие среќници, но за жал немале никакви документи со кои би го докажале својот чин во руската војска, а Борис Степанович сосема разбирливо, одбил да им издаде уверение дека се генерали. Вистинита но и тажна приказна!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
КНИГАТА ЕСЕЈ метално чиста со цврста маса што одѕвонува сталожена спирално овенчана со чинот на раѓањето со сѐ што е банално во стисокот на рацете во писокот на локомотивата во заминувањето кон личната слобода што заробува во една фуснота посветена на моето заборавено име
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Спушти ја завесата прв чинот на својата комедија и стрпливо чекај го крајот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа никогаш не би помислила дека некој чин што нема ефект станува бесмислен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Требаше да се следи уште православниот чин на атеистичката гротеска во музејот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа беше апсурдно, зашто испишувањето на тие зборови не беше поопасно од самиот чин на пишувањето на дневникот; но за миг беше речиси готов да ги откине упропастените страници и сосем да се откаже од проектот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го здогледав уште она пламенче во тавчето со балкански гасови, го здогледав и видов како скочи и изгасна од догореност и во истиот момент српот и чеканот изгледа се вкрстија да го симболизираат чинот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во август 1940 година бил мобилизиран во Петнаесеттата кралска тенковска регимента и на 30 јануари 1943 година добил офицерски чин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На моменти беше можно дури, омразата да се префрли со свесен чин во еден или во друг правец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Почетокот е илуминација
на свет- текст
принесување животни и растенија
пред идејата и чинот
почетокот е прекршување на небото
во алхемиското огледало на писмото
во црвените и црни курзиви
во она што нѐ одликува од другите
она по што го паметиме сижето
- животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
О, малку морфиум
анестезија
додека ти ја режат
татковината
на живо
по којзнае кој пат
овој пат дома
- помрачениот ум реже
заслепен од белината
на светлината
од себеси, Боже
суетата е клопка
осуети ја
избегни го последниот чин
на македонската
мелодрама
смени го жанрот
направи нешто!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тие велат дека разголувањето е неволен чин.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Љубовниот чин е цвет на севкупната среќа...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не постоеше физички чин, не постоеше гласно изговорен збор, што тие не го забележале, не постоеше тек на мисли што тие не биле во можност да го погодат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да ја обележи хартијата беше решавачки чин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За неа, верувањето во Бога прераснуваше во голем чин на храброст да се спасуваат чедата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беше воено лице со висок чин, па сметаше на веродостојноста на неговите информации.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)