чијшто сврз.

чијшто (сврз.)

Тврдите ѕидови на нејзиното заробеништво беа омекнати од раскошот на грижливо одбраните дребулии чијашто убавина тлее и догорува во бавната тишина на здодевноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Креветот беше прекриен со портокалова јамболија, до него имаше мала дрвена масичка и едно ќумбе на дрва во кое гореа неколку цепаници и чијшто звук се слушаше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сето ова е обединето во козарска алегорија, чијашто библиска едноставност не ги засенува скриените значења.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Треба да се истакнат предностите на социјалната политика чијшто креатор е нашиот татко на нацијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Едиповата плата оди одвај за долгови чијшто крај не може да се види уште.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наликуваше на вработен во касапница чијшто работен ден бил исполнет со завидни деловни успеси.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Што беше тоа мајка што го роди тој крвник чијашто рака го уби Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Синдикатот мора да е еден од главните фактори при креирањето на социјалната политика во државата, а не целото време да го мине во дефанзива и само да се бори за намалување на последиците од штетните законски решенија, чијшто број, како што ќе видиме понатаму во оваа студија драматично се зголемуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Колоната како синџир се извива по ридот над селото, чиишто покриви блескаат на сонцето како распнати црвени знамиња.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога се подисправаше можеше добро да ги здогледа и првите модрикави гаснења на квечерините, чиишто волчешки приближени копринки напросто како да ги исткајуваа во своето мрешкање оние издолжени прилики со шилести муцки и со прекршени опашки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше маѓепсан и загледан, останувајќи свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак, чиешто превиткување го престегна како исквасен ремен и го згрчи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па сепак, од потребата за конкретна акција ме одвраќаше помислата дека веќе во идниот момент Катерина ќе ја поткрене главата од перницата (се разбира под претпоставка дека го избрала креветот како место за починка) и ќе ги здогледа книвчињата чијшто број постојано се зголемуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од тоа понекогаш почнуваше да боли по лицето и под очите; беше некакво самосожалување и го тераше да солзи, онака гладен, онака заздишен, онака бессилен и онака сам пред тоа нагорно море од снег, крај тие скочанети стебла, од чијшто допир му мрзнеше преклонетото чело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се разбира, навидум беше многу поразлично од писмото чијшто подробен опис ни го прочита префектот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Патничките, чиишто лица одвај се гледаа под бледата светлина на една светилка во дворот, останаа неподвижни сѐ додека жената со војнички изглед не им дозволи да се слезат со неколку едноставни наредби, како да им се обраќа на деца од градинка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко уште еднаш како вистински балкански Дон Кихот, чијашто конечна битка никој не ја разбира, ги дочува сталинистичките книги, кога во земјата никому не му пречеа и беа препуштени на заборав, а во земјата на корените продолжуваше нивниот култ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Арно ама, секој од нас има бујна и млада невеста, чиишто плеќи и раменици се свикнати на тежок товар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сакав на Хелен Голдбаум да ѝ го покажам пасошот на непознатата личност чијашто идентификација и животна приказна ја добив на едно трето, сосем неочекувано место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Камената зграда штрчеше сред тажна панорама, чијашто боја остануваше од утро до зајдисонце сивопепелава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе