човече (ср.)

Но тоа човече измесено од смола, влакна и болежлива пакост на вечно понижено суштество, сѐ уште покажуваше кон домаќинот додека по трепетливата вилица му се цедеа крвави лиги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неочекувано бедното човече скокна и пред домаќинот и другите да си дојдат на себе, да го зграпчат или да го соборат со удар, се стрчна и со скок на преплашен јарец ја прерипа искривената ограда од прачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие внимателно слушаа едно постаро човече, кое на главата носеше некаква капа на поморски офицер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Заедно со Дора ги гледаа човечињата и се смееја затоа што лицата им беа многу смешни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеш ли да му ја поматиш верноста кон земното, додавајќи знак по знак откривајќи ги срамните делови на твојот систем загадочниот метод небесниот свод- дом за да може да оди по истиот пат и да стига до истата цел човекот, оној кој над црната точка стрепи по сличното, од различното стрепи спојува еден со друг: еден и еден, два со два, седумдесетидва името го дели на четири елементи – I.H.V.H. тетраграматонот го врти, го враќа ред по ред реди вистината на скрбта ја учи завист и суета, суета и завист сѐ е бесценет камен, а број свет и сила равенката меѓу нив се припикнува како вода меѓу шуплинките во карпата како зрак во мрачна капела бели точки на црна површина поделена на две: еднооко човече дворог Пан троока нимфа четириаголен круг пирамидална петка црно на црно расфрлан, разигран Ум на Светлоста Умна светлост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Горачинов ги крева веѓите и ги отскрива големите очи: во обете му игра по едно мало човече што личи на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врапче не ѝ припаѓа на онаа група наперчени мали човечиња со големи претензии.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од нив не треба да се срамиме - констатира човечето со цврсто стегнатата уста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури и манастирска пастрма му се сладела. Еднаш, ноќе на сам Велипеток, некојси калуѓер го стапнал човечето зад бочва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Та покусата нога на оној и не се познавала толку многу, била само белег, по кој сите други ловци од селото во тоа одамнешно време можеле да ги распознаваат неговите стапалки во снегот додека излегувале во утрините од селото и да знаат дека тука, пред нив, порано од нив, поминал тој - па човече, ене ја онаа негова патрива нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Човечето биеше матеница во бутинот, пред тремот на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А на едно друго место едни безначајни, долни човечиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И одеднаш пред него се испречи бушаво планинско човече, непотстрижено откако е родено, со чпртав нос, со очи на див елен, човече кое чека само да му тутнеш нешто в муцка, па да ја смагли во шумата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Човечето се чинеше пресреќно поради упатеноста во тајните на сезоните и на нивните бои.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зарем и мојата имагинација, и човечето создадено од неа, и неговата потресна битка, не се всушност она надворешното, сосема неважното за што обликот ниту знае ниту му е важно да го знае?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога поминаа најубавите години во животот, кога израснаа бајчињата во човечиња - машкото во мажиште, женското во женче полично од мајка си?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Малите човечиња слични на бубалка, кои толку итро итаат низ лавиринтот од ходници во Министерствата - тие исто така никогаш нема да испарат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Ане пижамите ѝ беа бели, а на нив имаше нацртано човечиња што возат точаци и ролшуи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Реков: „Руски човече, не сакам да измрдуваш, не сакам да ме потопуваш во твоите важни и неважни работи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе