човечки прид.
човечки прил.

човечки (прил.)

Денес многу човечки ми се чинат оние негови храбрења и довикувања по мачниот пробив од октомвриската заседа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На ова суво небо од брчки човечки ткаено кој ли е твојот дел?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не знам од каде толкава милост кај нив, не знам кој ги научил толку човечки да ме гледаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа под чии топли зраци народите живеат човечки!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Мислам дека тоа е мошне човечки.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во човечките работи не е можно сѐ и не може сѐ да мине.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со еден збор, јузбашијата почувствува едно гостопримство, та неговата свест не му дозволи да ја пренесе Бахтијаровата наредба за терор на војниците, ами напротив, им заповеда да се држат човечки додека и рајата така се држи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За што било тие денови да разговаравте со него, тој не умееше човечки, обично да ви одговори.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дванаесет години работи Веле со Аргир и за сето тоа време тој не го чул ни еднаш него да заговори вака топло, човечки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Треба да даваме со чисто срце, човечки, со убава желба, а не за да се фалиме, или пак да очекуваме тоа да ни се врати.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ликот ми е човечки, но чувствувам како се изобличува пред светлината, се издига како бран понесен од длабочината на ноќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Е, драги мој, човечки е да се простува, а ти и твојата мајка предвреме ме прогласивте за курва.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Внимателно, како божем златниот прамен да ги содржеше човечката судбина и човечкиот копнеж, Даниел го крена праменот со палецот и показалецот и церемонијално го втисна во малтерот на ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оние што зборуваат одмерено, човечки, со желба да бидат другарски разбрани, секогаш ни се драги, секогаш сакаме да ги слушаме, сакаме да ги среќаваме, да работиме со нив, да се дружиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Очекував човечки да се собере, да падне на коленици, да закука за својот живот, точно тоа, зашто поинаку и не можеше да биде. Но тоа не се случи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со тоа уште на почетокот на едно среќавање е воспоставена доверба, почитување, па и новодојдениот и затечените се чувствуваат слободно, убаво, човечки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Некои велат дека то не е христијански. А јас велам: не е хумано, не е човечки пред сѐ...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ако сакаш да проговориш некој лав со човекот, проговори човечки, а ако не — нека стане, нека си оди откај што дошол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го слушав Бак како одвреме- навреме „човечки воздивнува”и од што му бев лута, не сакав ни да го погледнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си можел да оградисаш, да се дамлосаш, дрво брестово да се сториш, да согориш, под себе да бидеш, светлина да не видиш, ко јаре да блееш, човечки да немееш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе