чорапче ср.

чорапче (ср.)

Дури кога братучетка ми со едното ноџе само по чорапче скокна надвор и замавна со раката мачката троа се подисплаши и тромаво се симна по скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Црвените чорапчиња на близнаците се темни како длабоките сенки на паркот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Топлите зраци на сонцето дозволија да ја облечат во новото фустанче купено за таа пригода и во тон со него чорапчиња до коленцата и чевлички со ремче за полесно сама да ги закопчува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Мамо, и јас ќе појдам со вас, барем со училишниот двор“, замоли Влатко, ама одговор не можеше да добие, затоа што Мими беше многу возбудена и во мигот даваше отпор - нејќеше да ги обуе белите чорапчиња, лутејќи се дека е топло, дури жешко и може да се оди со боси стапала во сандали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
(Една од жените ѝ подава на Антица стол да седне, потоа ѝ става на скутот едно машко дете и ѝ подава чорапчиња).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Ѝ носат, и не носат - сѐ така се расправаа, најнакрај Мими сепак попушти и мама Злата ѝ ги обу чорапчињата и сандалките, напоменувајќи: - Да знаеш, ова е вака само денес - затоа што ти е прв ден!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Добро, како балерина. - Ама балерините не носат куси чорапчиња.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И сега Стојанка ја пречека Митра во црквениот трем, си ја одврза шамијата со дарчињата за крштеничето: кошулче, минтанче, чорапчиња и тулбенче, и беше готова. Само чекаа на ред.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
АНТИЦА: (ги зима чорапчињата и му ги дава на детето, а по тоа го бакнува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)