чорбаџиски прид.

чорбаџиски (прид.)

Добро ги познава тој сите тие чорбаџиски кожодери како гнили печурки по гората!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Но си даваше гајрет со тоа што: ако беше сиромашко, добро — ќе си го земат домазет на малиот од чичка ѝ Трајка, според првиот план; ако е некое чорбаџиско — ќе му ја дадат таму — на добро место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тој надуењак чорбаџиски, ако нејќе да биде цигански кум, нека излезе од верата рисјанска надвор, нека згази на адетот!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тремот е свежо, пријатно. Овде изненадува и привлекува богат и вкусно изграден амбиент на стара чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На известувањето двете, речиси во ист глас, со кикотење му одговорија: „Ти си мачор чорбаџиски.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ЈОРДАН: Е, ама Симка е чорбаџиска ќерка, тешко гази. Колку чини името!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Одаите стојат постојано послани со тешки скапоцени килими, а гостите се честат со маџун само од трендафили и смокви. Чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)