шал (м.)

Косите беа покриени со многу долги еднобојни марами врзани во форма на шешир кои продолжуваат вкрстени околу вратот и паѓаат надолу како шалови.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја среди косата, се изми со нежен сапун од лаванда, малку си стави крема на убавата бела, прозрачна кожа на лицето, си облече еден долг светло лилав фустан и врз него дебел, голем и долг црн шал, лилави едноставни чевлички на мала потпетица и појде долу, кај Христина и останатите, зема пари и тргна накај бакалот кој беше на стотина метри подолу.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И убаво се стуткува во фланелскиот шал и веќе уста не отвора.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој стоеше крај дното на каучот, со карирано памучно ќебе префрлено преку неговите рамиња како шал.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се облече убаво, се завитка со шал, ја крена јаката на палтото и со пушката в рака, излезе надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си ги наметна палтото и шалот Сликарот и излезе на улицата која го обрабуваше морето и тргна по неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Отиде, носејќи едно огромно бреме волнени шалови и една раздразнетост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И јас тоа го почитувам, го почитувам вашиот избор, само ве молам и вие да ја почитувате мојата работа и да не се мешате во неа,” рече доктор Гете, и продолжи да го плете долгиот црн шал. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше зима и јас бев убаво облечена во тегет палто, на главата имав беретка, шал, бели длабоки чевли и бели завратки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сето тоа пропратено со мали, тесни шапки во косите кои имаат апстрактни скоро кубистични форми, мрежи над очите со ситни топченца од свила во стил на Каролин Ребу, како и долги тешки шалови кои паѓаат на подот влечејќи се со движењето на моделот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Жената го наметна шалот, побрза. Се искачија, влегоа во горната одаја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Супер! Ќе си запалиме вистински свеќички, а не електрични трепкачи на елката!“ важно извика Мими, си стави една сребрена гирланда в коси и започна да дели подароци: за дедо и баба топли пантофли, за тато вратоврска, за мама цветен шал, за Влатко и Мими - најмногу - баба Мирјана сплела џемперчиња, мама и тато одбрале интересни книги и новогодишни фигурички од чоколада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Баба Мара седеше покрај ќумбето завиткана во шал и ги гледаше: „Мајката и најмладото дете да останат тука со мене, а останатите да излезат.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Петко имаше црвен шал околу шијата и стари женски чевли со високи топуци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Молчаливо чекореа. Таа имаше на себе скапоцено крзно, преку главата и околу вратот широк и мек бел шал.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе