шаренило ср.

шаренило (ср.)

Гасне една младост, гасне едно тело. чинам беше тој човекот од бајките оној кој долетуваше со белиот коњ и мирно дишевме во црвените јорговани се гушкавме со сочните треви кои мирисаа на сено расцветаните липи, каранфилите. сочност, зеленило, шаренило буи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Грди дебели полицајки трчаат голи по ливадите и ловат пеперуги со мрежести хулахопки (теренот е безбеден: специјалната единица за борба против шаренило веќе ја искоси тревата и ги искорна цвеќињата)
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Секој миг постојано ги разместувам, така што формираат дополнително шаренило врз црно-белиот стереотип, на дрвената табла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во црквата владееше некакво шаренило: едни се молеа, а, други се одмараа на столовите во дното и пишуваа на разгледници, веројатно за да ги поздрават своите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сликовниците одамна го изгубиле шаренилото.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Шаренилото на бојата на некој предмет сѐ уште не е доказ за неговата лажност, „лошиот вкус“ и кичот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
II Винстон си го пробиваше патот низ шаренилото од светлина и сенки, газејќи по баричките од златеста светлина таму каде што гранките се разделуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Терасата на ресторанот неочекувано се отвораше накај Јадранот, кој тука ненадејно се појавуваше сред градот, на место каде што човек најмалку би можел да го очекува, зашто тој впечатлив син блесок не користеше за ништо друго освен за да му го збогати шаренилото на боите на пазарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ноќе, или во првите ноќни часови, сиот „Пигал“ се капе во шаренило од светла и тогаш овде најмногу се згустнува од луѓе, од љубопитни шетачи и гости на Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Шушка лисјето нивно бело, трепери, како трепетлика роднокрајна, и меѓу тоа шаренило, глас на детски мир и непокор.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Вцрвенети облаци над планините. Полусветлина - распостелува шаренило, кое потемнува и потемнува, ја покрива ливадата, невидливо дотекува, се згустува, натежнува, ја обгрнува котлинката, во сивило ги втопува дрвјата и околината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А само чекор понатаму од мене на сите страни се шири до бескрај една ливада, едно зеленило, едно шаренило што можат да го сочинат сите цветови на светот и воздухот е толку чист, просто му ги гледам кристалите како пукаат низ него и го прават сѐ побогат и така што дишењето таму е толку слободно и длабоко.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На Петре очите му фаќаа павлака од шаренилата по тезгите, ама тој нели си кроеше свој план?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нејзиното шаренило дејствуваше збунувачки врз нив, така што старецот не можеше да го премолчи тоа. -Ја виде пеперутката?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Претрупан со шаренилото на асортиманот, тој не можеше да види сè додека не се наведнеше до отворот низ кој ги примаше парите, а ти ја подаваше бараната стока.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ е испомешано но и во овој коктел од трговци и стоки, во ова шаренило сѐ е толку привлечно што во оваа чаршија може да се остане со часови и, покрај шумот да не се почуствува здодевност, зашто, секој момент се открива нешто ново.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но наеднаш, соземајќи се од прошетката по веселото шаренило, ведрината во нејзиниот поглед ја замени чудна изненаденост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ни шаренилото по улиците. Ни вревата во кафеаните.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој одблесок ќе го обојува твојот живот во обземувачко шаренило- Ја заврши својата мисла старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе