шегува несв.
шегување ср.

шегува (несв.)

„Освен тоа, не гледаш ли дека се шегував со тебе? Каде ти е чувството за хумор?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ што речеш ил помислиш не стивнува Тук, останува, тлее во вечната правда Не порекнувај оти дур в идни животи ќе страдаш Не се шегувам, не, ова не е никаква парада На хирови и суети, туку уште од доба стара
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не знаев што да мислам. Се шегува ли момчево или ја испитува мојата храброст во која ни сам не верував?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жените и децата си заминаа, но мажите останаа да пејат, да се шегуваат и да ги празнат шишињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ти не се шегуваше туку најсериозно го распрашуваше Циган бидејќи тој бесрамен злосторник со часови знаеше да се притаи под некоја гранка на кралчето и стрпливо да ги дебне несреќните пилци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знам дека се шегуваш, ќе ѝ речев за да ја приземјам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Да те пуштиме! се чуди еден од тројцата. - Немој, полжавче, не шегувај се.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговото молчење нѐ охрабри и ние глупаво се шегувавме со него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие очигледно не се шегувале, секој час заплашуваа да се појават, да поскокаат од ѕидот, како тука, на него да беа втиснати нивните неспокојни, болни души.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа му беше единствено, што можеше да го прави, вака залебден и вивнат во плавните далги на своето будење, и тој го правеше тоа: само од себе и само се шегуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можев да кажам дали се шегува или не.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знаев дека тие се шегувале со мене...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дека тоа и го разбудило и дека тоа сега и го води и неговиот поглед во височините. Сега се шегуваше со Сонцето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И кога купуваше штоф за одело секогаш говореше, божем се шегува „за четири сезони“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зборовите се за арч. Само за тоа. Не се шегувам. Постојат такви зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека работеше над тоа, со него се шегуваа ситните шајчина, што требаше да ги дофаќа меѓу своите прсти и да ги наместува онаму, каде што беше потребно да ги закове.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во „Историјата на тајните“, поданиците на Царството се пасивни марионети, и кога се чинат здрави, и кога војуваат, филозофираат или се шегуваат еден со друг.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сепак, постојат некои шанси да се избегне најлошото, се шегуваше Раде со својот пријател Крстиќ, кој беше упатен во тајната на десетото зрно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Постојано се шегувавме околу одењето таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе