шепот (м.)

Ој ти, Вардар, шуми, играј, шуми, играј од жалови, додека ни стари мајки глуво шетат низ дворови и со шепот низ ум трештен чеда свои споменуат.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Високите и разгранети платани ја истураа сенката во жуборливите шадрвани во кои се губеше шепотот на верниците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој чудак ја отворил ноќта Сега тече по нашата кожа шепот од скршени лисја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Така само школките древниот шепот го носат морето што им го завешта!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нејзиниот шепот извира од мене и само јас и ноќта можеме да ја измислеме прикаската на еден живот. Бремена или само неколку часови леунка?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во приливот на шепотот на млаките бранови на ветрот носеа до него чудни зборови само по звук оформени во протест и бунт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но коските под плочата таинствено молчеле наслушувајќи ги шепотите на мајките и примајќи ја животната топлина од допирот на нивните чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш сите знаеја сѐ од нивниот шепот раснеше боцкава прикаска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во шепотот на утрото ќе го пронајдам мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Реката ги смирува боите на пладнето По патот на пастрмката претрчува шепот и цветот на реката се затвора.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Нејзиниот шепот се губеше во шумот на брановите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Маќеа - уште еднаш колку грубо ми прозвучи, иако кажано со шепот, како нешто навредливо, и во тој момент такво нарекување воопшто не можев да го поврзам со таа нашата нова мајка, со Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Почна да го лови шепотот на шините.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Малку недостасуваше нејзиниот шепот да биде чуен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ситните капки на невидливиот дожд со шепот легнувале врз ланските лисја на габерот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шепотот пак се повторува. Се опулувам кон пенџерето и гледам нешто ми се привсенува, ми се помрднува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе