шишенце ср.

шишенце (ср.)

Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Еколозите и биолозите во подготвени шишенца и теглички од Маркова Река собираа материјали.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко ја полеа по челото со лимонова колонска вода, од шишенцето кое Мајка го чуваше како вистинска амајлија, донесено од блиски Таткови роднини од Цариград, при нивните ретки посети.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа чекаше да докапе и последната капка од шишенцето, па да му ги даде сиџилите, лимоните и лупата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зашто, некој прадедо, пред педесетина години, тој бил производител и трговец на розово масло, враќајќи се дома, пеплосан сиот од бес, застанал пред прагот на собата и со сета сила го фрлил среде посланиот килим шишенцето со розово масло и извикал: - Та мене ли ќе ми кажат дека тоа не е чисто масло!...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сето ова делува најприродно, како и суптилните, кружни движења на нејзините полнички дланки, кога во наежената кожа ми втрива мирисно масло од темното, осмоаголно шишенце со етикета „Здив на боговите“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вие почитувана Лејбовиц, во миризбите, етеричните и маслинови масла, кои ми ги испративте во шишенца, и потоа свенатите цутови на лавандата и други провансалски цвеќиња, ми испративте и неколку слики, со пригодни цртежи на полињата прекриени со разбранетите цветови како подвижен тепих.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како евтин парфем, значењето му испари од шишенцето на формата во која дотогаш мирисаше и со својот мирис му ги исполнуваше деновите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Што му е тоа, што му е, пак, сега? Живко можеше секогаш да те изненади, но сега повеќе би очекувал од него да извади од џебот шишенце тоникум за гаргара на грлото. - Не? Ни ти?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како низ ракав ни навираат идеи: Митре штрака со неколку шишенца и вели: - Зошто шишињата не ги продаваме полни? - Со што?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој седна малку настрана, се потпре на маса и придаде ниско: - Ако сакате, нарачајте едно шишенце за мене.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Додека шишенцето кружеше меѓу наседнатите, додека постарите мезетеа од сирењето и зелјето, Кирил го парчосуваше јагнето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во нашата лабораторија моментално дреме еден малецок Хулк, сѐ уште во шишенце, го вкрстуваме со чудесновишниот мочуришен октопод- капиталец што испушта (ко одбрана) огромни количества на отровно мастило.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пудриерите со камена пудра, шишенцата со парфеми, убавите чанти, свадбениот подарок од Френк, кој се состоеше од комплет четка за коса со сребрена заднина и еден чешел, сите тие нешта и други работи таа не им ги даде на своите ќерки, на кои Даниел би можел да ги види, туку на некои небитни познајници, каде што беше многу мала можноста неговите очи, кои секогаш ги гледаа тие нешта, да ги забележат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како Иван Иванович, така и Иван Никифорович не ги сакаат стениците и никако нема да го пропуштат Еврејчето трговец, а да не купат од него еликсири против тие инсекти во различни шишенца, откако претходно добро ќе го искараат зашто тој ја исповеда еврејската вера.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Старецот претпазливо го крева шишенцето до мустаќите и се врти кон мене. - Лута, оган да ја сотре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа дедо Иван си влезе во колибата. Седна до огништето, ги приспотна гламните, па го дофати она шишенце што му го донесе Бојан и потргна два-три пати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Извади од него едно мало шишенце со виолетова течност, го отвори стакленото капаче, и му го подаде на дедо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе