шпански прид.

шпански (прид.)

Дел од католичките конзервативни интелектуалци блиски до тогашните клерикални кругови долго време ќе се противат на синкретичната арапско-шпанска цивилизациска синтеза, додека за прифаќање на нејзиниот траен удел во обликувањето на националната шпанска култура не можело да стане ниту збор!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште го држеше високиот морал од почестите што му беа укажани од француските доброволни шпански борци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седиме со шпанските пријатели во бавчата на Старата Куќа и си ја ладиме душата раскажувајќи дамнешни преживеалици, барајќи лоши стихови во песните на некои наши колеги или мајчосувајќи му ја мајката на современиот тероризам и верски фундаментализам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Испеав две македонски песни и сега ќе пеам една шпанска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Марселезата со интернационалните доброволци последен пат ја пееше на шпанските боишта како член на францускиот доброволен одред.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му беше блиска Шпанија поради приврзаноста кон својата мајка која беше од шпанско потекло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Добро ги познаваше и шпанските вина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во очите на големите европски просветители, шпанскиот злостор наспроти судбината на Андалузија не беше само контраст туку и модел за човештвото за толеранција и хармонична коегзистенција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По многу години Климент Камилски ќе им се заблагодари на француските леви интелектуалци, доброволни шпански борци, кои со интервенција до Тито и до тогашната Комунистичка партија ќе бараат нивниот соборец да биде ослободен од неправедното обвинение и затворот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му беше подготвена мала програма, чиј главен дел беше предвидена вечера со преживеаните париски доброволни шпански борци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Маршираше со униформата на шпански борец, со стари учесници во Октомвриската револуција, прославени команданти на пролетерски бригади во антифашистичката борба, со медали на градите, заедно во колоната со генерали во свечени униформи, со амбасадори во свечени одежди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исламот ги толерираше христијаните и евреите, кога беа прогонувани од шпанските католици, и тие беа прифаќани не само во Андалузија, туку и во Отоманската Империја во текот на половина милениум и повеќе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По прифаќањето на сефарадите, прогонувани од шпанската инквизиција, Империјата покажа толерантен однос кон нашата мисија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се најдовме: тие да се борци од шпанската граѓанска војна, а јас од грчката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа беше тука да ја подучува за да го научи италијанскиот јазик а верувајќи дека, играјќи со сефарадските дечиња, ќе го научи и ладино јазикот со кој, во Солун, се служеле шпанските Евреи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се договорија да носат маски, заради мистеријата, тој афродизијак подобар од шпанска мува.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ќе се фатам за него, а тој ќе ме фати за раце и си пее: „Колку години и да минат, првата љубов не се заборава“. Некоја шпанска песна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние бевме задоени со идејата на левите кога шпанските франкистички војници извикуваа да живее смртта!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Времињата се променети, но споменот за Андалузија не живее со векови само во меморијата на Шпанците туку е вграден и во шпанската цивилизациска матрица, како оригинално шпанско богатство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе