шпекулација (ж.)
Но поплавата од музика постепено ги растера сите шпекулации од неговата глава.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Според него, сите претпоставки биле во сферата на шпекулациите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Отидовте далеку, многу далеку со вашите провидни шпекулации со религијата и марксизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)