штетен прид.

штетен (прид.)

Кози нема да има. Тие се штетни за шумите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тоа согласување од 1897 год. беше насочено против Бугарија како божемна поттикнувачка на Македонците, но неговите резултати беа штетни не за самата Бугарија, зашто во бугарските внатрешни работи никој нема право да се меша, а за нас Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Синдикатот мора да е еден од главните фактори при креирањето на социјалната политика во државата, а не целото време да го мине во дефанзива и само да се бори за намалување на последиците од штетните законски решенија, чијшто број, како што ќе видиме понатаму во оваа студија драматично се зголемуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Фаталисти, вие сте штетни фаталисти, ги прекоруваа по разни поводи догматските кадри во комитетот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Полесно ни беше, а во тоа никој не ни пречеше, да ги растураме гнездата на штетните птици: страчките, враните и чавките.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Општата недоумица не е достаточна да се измени ликот на жената предизвикот на вратот „Во извесни случаи архетипот е штетен по...“ или: „Култот е органска материја не се губи – се преобликува“ и сл.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да земеме да набљудуваме земја во која се забранети сите видови дроги, дури и марихуаната, а во која сепак не се воочуваат штетните последици кои поборниците на легализацијата би можеле да ги предвидат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со воведувањето на оваа одредба, намерата беше да се спречи штетната транзициска практика, но реалните ефекти беа незначителни – бидејќи судиите се воздржуваа од изрекување на оваа казна којашто, според нивните мерила, беше сметана за „драконска“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со него би можеле да се согласиме само во случај да ги занемариме силните и сѐ побројни докази за штетните последици од ендемската наркоманија во најзагрозените општествени групи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Сѐ може да се разреши: од холандската фирма „Филипс“ има понуда за модернизирање на мониторинг - мрежа, подвижна станица што моментално ги одредува штетните материи во воздухот, на секоја точка каде се движи станицата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Што емитува?“ „Емитува во воздухот штетни гасови од согорувања на неоргански и органски материи. Сѐ до крајот на процесот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако утврдувањето на висината на штетата би предизвикало несразмерни трошоци, обесштетувањето може да се определи во паушален износ, ако случаите на штетните дејствија на работникот и висината на паушалното обесштетување се определени со колективен договор (чл. 157, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, пак, работникот, во рок од три месеци од конечноста на одлуката, не ја надомести штетата утврдена со 61 одлуката на работодавецот, тој поведува постапка пред надлежниот суд (чл. 108-109, ЗРО/03 – Пречистен текст); •  од друга страна, пак, за прв пат експлицитно се предвиде можноста за т.н. паушално обесштетување, но само во ситуација кога утврдувањето на висината на штетата би предизвикало несразмерни трошоци и само под услов случаите на штетните дејствија на работникот и висината на паушалот да се претходно определени со колективен договор (чл. 157, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На таквите луѓе ни на ум не им паѓа колку се ништожни, штетни, напротив, живеат со надеж дека тие се оние заради кои сѐ уште грее сонцето. Меѓутоа, имаше и светли мигови во срцето на другарката Оливера Срезоска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да не биде дебел и скржав, да нема огромен раст, но и не премал, да ја сочува пропорционалноста во сите делови на телото и да има чисто, од ништо ненагрдено лице, ниту со брадавици, ниту со (Боже чувај!) штетни приштеви.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дојде до промена кај обврската на работодавачот за информирање на работниците за секој вид на ризик на работното место, како и за безбедносните мерки потребни за контрола на ризиците и елиминирање на штетните последици, но сега од законската формулација беа избришани(!?) вработените со договор за вработување на определено време, младите вработени, повозрасните вработени во согласност со Законот за работните односи и оние со намалена работна способност. (чл. 13 од ЗИДЗБЗР/окт.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во периодите на ерупциите, Сонцето, слушав во Медон, врши и многу штетно влијание врз здравјето на луѓето со заболени срца и крвни садови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе