ѕирне св.

ѕирне (св.)

Низ нишан ќе ѕирнеш - смрт ѕиркаш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можеш да ѕирнеш од внатрешната страна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никогаш порано не бев ѕирнал внатре и затоа решив да појдам со него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во отворениот прозорец на општинскиот писар се мачеше крцкаво липање на виолина. Се поткренав на прсти и ѕирнав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Надежда ги ладеше камењата во дворот и ја прскаше земјата, од која, кога ѕирнав низ прозорецот, видов како се крева пареа, ја прскаше земјата, за да може потоа да смете.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа ѕирна под масата, го побара на балконот и кога не го најде добро се исплаши.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Претпазливо ѕирна низ сивиот плот потоа ја отвори дрвената врата и ме повлече во дворот, во густ босилек и во некое жолто ситно цвеќе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа вечер во уште непосветената црква гореше светло. Молчејќи се доближивме до вратата и ѕирнавме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Цел живот низ пенџере да не ѕирнеш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Откако се двоумеше колку што можеше и не можеше долго, се сврте кон Србина, му рече: - Брачо! Да ѕирнам што има во тенџерево?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Неограничени можности за слободно себеизразување за да се проба и забранетото овошје, слободно чекорење по негазени патеки, можност без срам да се разголат сите догми и ѕирне зад табуата на непишаните морални норми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да можете да ми ѕирнете внатре во главава, ќе се уплашите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Пред да си легнам, ѕирнав во собата на мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас ѕирнувам во нејзините очи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само да ги ѕирнам децата, велам, макар од врата да ги видам, велам, макар од преку пат да ги видам и ќе се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Научи ме како да ѕирнам во долапот на тајните, како да не повредам никого, а да донесам вистинска одлука“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пак почна да го вика и да го бара. Ѕирна под креветот и остана зачудена.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не знам во кој век и ден, во кожата на некој друг, сме ја доживелае или сме ја слушале прикаската за ковчегот на ветропирестиот Демофонт што му го подарила жена му на Филида да го отвори по една година од неговото одење на Кипар: кога ќе ја изгубиш надежта дека ќе ми се вратиш, ѕирни во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Додека трчам кон твоите прегратки чукањето на моето срце се зголемува правопропорцијално со восхитот и воодушевеноста конечно да ѕирнам во деликатната и сензитивна тајна на твојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе