јаве (ср.)

Па после, не знаеш што си видела на јаве, а што на сон...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Боже, помогни ми... Пред мене се јавуваат лоши слики, светулки во мракот трепкаат... сон ли е? -или јаве...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Идело така и на јаве и на сон да ти се прикажува исто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еј, пријатели, патот го згрешивте...на сон или јаве грешката лузни си остава.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Колку пати и на јаве така сум го слушала името свое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да сфати дека долго ќе мора да гледа на овие ридови кои треба да им станат кошмар и на јаве и на сон.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Божем сум сонувал дека плачам и знам оти на сон да плачеш значи дека на јаве ќе се радуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ни се привидуваше и во сонот и во јавето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се нишам на маргините меѓу сонот и јавето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Мораш со отворени очи да спиеш: и сонот и јавето да си ги гледаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трансверзалата се спојува само во критичните точки, каде што се испреплетуваат сонот и јавето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ноќеска повторно го сонував оној сон, но наместо она физичко чувство на ужас што го доживеав првиот пат, а какво што никогаш несум доживеала на јаве, овој пат имав некакво интензивно, мачно, скоро сладострасно чувство на ученик кој е фатен дека не ја научил лекцијата за која јасно му било речено дека мора да ја совлада ако држи до својата иднина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А сите што барем малку се одбираат во зелки знаат дека зелките немаат нозе а и чуму им се нозе на зелките кога умот е во главата а не во нозете, а од главата се стркалуваат и се истураат во јавето и сите тукушто зачнати и тукушто отсонувани соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Впрочем со поетите и писателите секогаш е така Цел живот сите ги гледаат како џуџести брези А кога ќе умрат ќе се види дека биле бабачки како секвои Секвоите галиба први рекоа Едно сонување еден век А за Дикенс и научно е утврдено Дека ја откри обратнопропорционалноста на сонот и јавето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Во спојувањето на сонот и јавето во спонтана дремка на парче сунѓересто легло, заѕвони ново сознание за старата мачно изгаснувана желба - да се биде како другите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пред него се велеше спроти сонот и јавето Ама тој прв рече спроти јавето и сонот А после рече сонот против јавето или јавето против сонот И шуќур што јас си живеам на евкалиптус И си брстам ментолни лисја таман колку што треба А ако живеев на секвоја Секако трипати помалку ќе спиев И во долгото јаве ќе морав нешто и да работам Скраја да е секвојата и се гледа богати
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Дозволи да те заборавам, соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И тогаш пак го слушна довикувањето што беше вистина, што беше јаве.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Ратка Мајка како мајка: и на јаве и на сон севезден ги распетлува јазлите на судбината - тагата ја обликува во скулптура на молкот а сиот вишок светлина му го испраќа на синот единец во туѓина, да му се најде.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Повеќе