јадар прид.

јадар (прид.)

Беше тиха јулска ноќ, од небото грееше полна месечина, а јадрите праски примамливо се белееја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога пристигна бродот во таа далечна земја Тој виде непознат народ поседнат на брегот И јадри ѕвезди на небото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Човекот ја одметна забратката и на загореното од сонце и ветришта лице се белнаа јадри заби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јадрата сенка на прислужникот прелетуваше по ѕидовите. Бргу светлоста на денот го разгонуваше мракот во аглите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дождот сѐ повеќе се засилува, но Богдан не станува од клупата под борот, пробивајќи се низ короната му паѓаат јадри капки на главата и плеќите, му ги пробиваат алиштата и му ја влажнат кожата ширејќи му благи трпки по телото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јадрите волци што ја јавнале Турција ги напикале обичните мали волци в бувар.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јадрата рака ги граба мушичките и на дланката остануваат нивните смачкани тела.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Витото торзо ѝ беше во хармонија со останатиот дел од фигурата, но градите можеа повеќе да ѝ одговараат на некоја појадра женска фигура.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јадри капки паѓаа шумно и во лочките креваа клобурци. Од оголените гранки се слеваа водени нишки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Капата накриво, црната коса развеана, две копчиња од кошулата откопчани, ветрецот ги фрла настрана полите од војничката блуза и под кошулата, во ритамот на чекорот, потскокнуваат јадрите момински гради.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Подигруваат јадрите гради на Ана по дивиот ритам на инструментите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еднобоен или шарен во кожата, со јадри продорни очи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тоа беа оние бели, јадри планински јаготки што во овој крај ги викаат плускавици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ноќе Богдан ги гледа јадрите и блескави ѕвезди спуштени над него, чиниш на дофат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За чудо челото и јаготките му биле мазни, неподвижни, и преку ден како облеани од летна месечина, чиниш целото лице му е изделкано од јадра биволска коска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јадро набабрените гроздови се гмечеа во крблите. Бочвите се полнеа со црвено вино.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Продолжи да ме гледа развлекувајќи ги полните усни под кои се гледаа јадри заби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Над нас безброј јадри ѕвезди, какви што никогаш досега не сум видел над американските предели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А врз нив врз шаторските платна тупкаат јадри капки дожд.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Голтање на јадри суви залаци и спуштање во каналот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе