јахта ж.

јахта (ж.)

Па го чекаш својот капетан во чамец, или подобро во јахта, кој доаѓа да те спаси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Меѓу редовните гости на јахтата „Зора“ беше и украинскиот бизнисмен Виктор Каваленко кој веќе пет години успешно работеше со синџир од фирми во Гостивар, Струга и Охрид.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги носеле многумина, од дрводелците- авантуристи во канадските дивини, преку сафари фриковите во фазонот на мачо- мустаклијата од рекламата за Камел, до модерните припадници на џет-сетот кои во морски авантури тргнуваат со своите деветометарски јахти (можеби оттаму и другото име за овие мокасини - бродарици).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така било и на враќањето. На влезот во реката Темза, Галеб беше дочекан и испратен до лондонското пристаниште од кралската јахта Британија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)