јуриш м.
јуриша несв.

јуриш (м.)

- Јуриииш!!! - громовит глас се растури во воздухот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Е, тој клуч, беа бункерите кои требаше да им го заградат патот на тенковите и на добро обучените јуришни единици на владината војска за да не го фатат патот што би ги однел зад нашиот грб.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Живи не се давајте! – викаше пукајќи пред него, а во воздухот одѕвонуваше гласот на Никола, како двоен повик: еден на јуриш за дофат на слободата, а друг за скок кон смртта но храбар, бестрашен скок, скок кој носи слава.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Оти во тој јуриш од двесте и педесет души од мојата чета, останавме само триесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јуришот во центарот - источниот дел на фронтот, треба да го привлече вниманието на командата на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се запленуваа на јуриш бродови на пристаништата за да се мине преку морето, да се стигне до Западна Европа и продолжи подалеку, преку океаните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во заднината имаа неколку ископи во кој вежбаа брзо излегување за јуриш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Едно време се кажа ״ јуриш“ и откако се изврши првиот пробив, артилеријата два дена и две ноќи само бувта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Турците се дадоа првин на јуриш, потоа во бегање.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Удривме на јуриш и со викање да го преземеме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се наредува пак јуриш, ама никој не оди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Деноноќно стигнуваа до центарот извештаи за однесувањето на козите, се испраќаа криптозаштитени инструкции до републичките центри, се сумираа искуства, се испраќаа препораки, директиви, се сугерираше планот за последниот јуриш против „белата контрареволуција”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ни рекоа дека треба да се поврати врвот Горница. И ние - на јуриш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го следи движењето на големата колона која по беспримерниот и налудничав јуриш со кој е скршен обрачот на противникот, во трчање се растури кон селото Ревани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи во 23 часот ќе почне нашиот напад- јуриш на Гинова со единици на 16-та дивизија, кои во целосна тишина, со ползење се доближуваат до целта и во договореното време со изненадувачки скок и со употреба на рачни гранати, нож, штик и тупаници, а ако има потреба и со панцерфауст, се нафрлуваат врз противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На јуриш! Судбината ни е во скутот на бога скриена, иста и сретна!"
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тракаат автоматите. Скрши јуришот. Владините војници залегнуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Очекувам јуриш на противникот, генерале. Ваши наредби?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега како? Никако... Само јуриш нѐ спасува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе