Дури не успеала да воспостави контакт со својата база во Каиро.74 Нејзините членови, веднаш по спуштањето, биле откриени од Бугарите, предадени на Германците и од Скопје биле префрлени во Софија.75 Без да биде запозната со судбината на првата мисија втората мисија била спуштена на 19 април 1943 година во штабот на Ѓуриќ кој бил поставен за “командант на Јужна Србија“ т.е. за подрачјето на поранешната Вардарска бановина.76 Откако британскиот оддел на СОЕ во Каиро дознал за фаќањето на членовите на мисијата на капетанот Морган, пристапил кон подготовки за испраќање на друга мисија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во 49 година, за време на својата втора мисија, а прва за пренесување на христијанското учење во Европа, првата земја која ја посетил Павле била Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Меѓутоа, при испраќањето на оваа мисија Британците биле сосема свесни дека четничкото движење во Македонија скоро воопшто немало свои приврзаници бидејќи според нивните информации “Михајловиќевиот комитет во Скопје е провален и безжичната опрема е пренесена од Наумовиќ во Порече и сé уште не е почната со работа“.77 Нивните информации покажувале дека на територијата на Македонија “освен заскитани војници нема партизани“.78 Но и покрај таквите информации СОЕ во Каиро пристапила кон подготвување на втора мисија за територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)