два (бр.) - балкански (прид.)

Татко длабоко во себе беше убеден дека и Климент Камилски не беше докрај начисто за ослободување на јазиците од опасните османизми, но сепак не му се противеше на предлогот да работат на проверка на нивните два балкански мајчини јазици, односно на чистење од опасните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во хрониките што се чуваат во библиотеката на неговата синагога, во долгите ноќи откако беше поставен за нејзин рабин, Елеазар бен Цви читаше дека по завршетокот на Првата светска војна во 1918 година, двата балкански града им припаѓаат на две различни држави: Салоник на Грција, а Битола на новата држава Југославија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)