Во исто време, до мене десно легна другарка ми од детството, а карши нас, со „врски“, за мене тогаш прастара 40-годишна жена, Црногорка со два сина: Борис, тинејџер, и Горазд, стар само 18 месеци.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И нашироко кажуваше дека Борис Биџов е онде со двата сина, со малечкиот и вратениот партизан, двете Дора што му ги оставила, ама снаата, жената на партизанот не била тука туку во некој санаториум крај Тетово.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На последната ноќ меѓу старата 1946 и новата 1947 нова година, кога чичковото семејство, со сопругата, двата сина и другите најблиски биле седнати на свечено искитена трпеза, некој силно почукал на надворешната врата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Старата мајка, сега скршена останата со двата сина - едниот со изгубена надеж да оди кон Цариград, а другиот да замине за Лондон, не можеше да ги спречи, како некогаш нивниот татко, да заминат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сите четири женички од среќната соба број пет родивме шест деца. Најпрво Душанка - два сина, Тимотеј и Доротеј.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дека ќе стражари ноќите во куќата, над празните кревети на двата сина, и посебно над нејзиниот неспокоен сон, кога таа конечно ќе заспие од умор и растечки неспокој. „Мислат, тато“, конечно му одговара Нина седнувајќи покрај него во суката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Прв по талпата протрча големиот син на Вангел Русјаков и додека не се покажа повторно на работ од плочата со своето кажување дека Геле со мандолината и неговата снаа за брат што ја викаат Богородица и нејзините два сина навистина шараат ама тоа го шаркаат не е бела шарка туку црвена оти ја влечат од керамитка или тула и оти го имаат нашарано газот на две одаи што ќе биле само нивни, инаку, кажуваше синот на Вангел Русјаков дека горе има место колку и тука долу, дека има и дупки за пенџериња и дека е сѐ исто, како јајце на јајце.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)