двајца (бр.) - негов (прид.)

Кога умре, татко ми и двајца негови братучеди отидоа пеш на гробот на Опленец и таму ги дочека кралицата Марија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не можеше да верува дека до таа мера и двајцата негови родители ја отфрлаат Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа, неколку недели по неговата смрт, еден по друг на фронтот загинаа двајцата негови најстари синови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттогаш Клара само седеше во аголот од собата, не кажуваше ништо, не одговараше на нашите прашања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)