Ќе ода долу Тиквешиата, ќе се потпра прво до поп Илија во Бешишча, а он ќе ме ставе со Ѓурлукот, Шаќира и други мои стари другари и дејци од комитлакот, белки не ме имаат заборавено за виа дветри години“, — донесе итриот Ѓуро решение, и така направи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бев заборавила веќе две-три години како е да си возбуден до таа мера.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Потраја тоа до две-три години. Меѓувреме, Петреица душа испушти.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Втор пат го сретнав Рибоокиот, или тој се сретна себеси со својата лика во моето сеќавање, по две-три години од првото, во една пештерска црква во Киево, во Киевските печори (пештери).
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Винската визба богата, многубојна и среќна (и полна), само затоа што не сум се појавил пред две-три години.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
И јас тажен, што не си се појавила пред две-три години.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Кога ја прави, ја мислел да чува вино две-три години.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога ја поставуваше мрежестата ограда, пред две-три години, не го спои долниот дел од жицата со рамката на прозорецот, или барем да го доближеше до неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
По две-три години ќе окучи две-три мали кученца.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Особено овие две-три години откако стана лидер на опозицијата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја гледав: немаше повеќе од дваесет и две-три години; болскотеше под силната светлина како рипка во вода на залез; качена на трапезот, правеше страотни вратоломии, со кои сега нема да ве заморувам; со неа, од другата страна вежбаше нејзината сестра, Светлана; се разменуваа на трапезите во совршена тишина, така што се слушаше само крцкањето на жиците на кои беа закачени трапезите.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Останавме дома брат ми Вангел на единаесет години, јас девет, Пане шест и Севда, ќерката на брат ми Спиро, две-три годинки.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Го нишаше стројното тело да се шират димините и да тропаат токите на елечето. Co особено задоволство и го покажа ѓерданот на гушата, белегзиите и прстењето на рацете и почна да ја кандисува и таа како Ајша: – Потурчи се, будала, за две-три години кадијата ќе биде само твој и се што ќе посакаш, ќе ти купи и ќе ти донесе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но изгледа ти не ја чувствуваш таа смрдеа, та ме кандисуваш и мене да се потурчам за да бидам пак јас две-три години негова.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Затоа таков еден избор е веќе во процес на ’тивка’ подготовка (веќе две-три години).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)