Батанџиите, двете куќи, оставија по една невеста дома да го дворат спаијата и неговата дружина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А ќе даде и некое кафе. Му влегол ѓаволот во умот, ќе пусти две куќи, но нели тие кандисале, оти пак ние да не земеме по некоја и друга лиричка, а?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се случувало, неретко, капиџиците да бидат отворени помеѓу семејствата од различни религии, кога биле затворени надворешните порти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Проверката на пиротехничарот не може да се земе за целосна, зашто тој во овие три дена испука само три мини за да провери, како и по три мини за другите две куќи - а Танаил само за еден ден испукува толку мини.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Прозорците на двете куќи свртени се како очи едни кон други.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Малку потаму, на издигнатите падинки и од левата и од десната страна, стојат две куќи.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Долно Папратско. Две куќарки и малку погоре обновената црква.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ние имавме две куќи. Едната под едните, другата под другите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Малку потаму, на издигнатите падинки и од левата и од десната страна, стојат две куќи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Немој, бре Мисајле, не затворај две куќи, го молат луѓето, може да го погодиш, а може и да не го погодиш, а не чини ни едното ни другото, му велат луѓето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)