две (бр.) - лице (имн.)

И сега, додека се доближуваше до тие две лица на фотографиите, тој мислеше така. Внимателно ја избриша прашината од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кој знаеше тогаш дека кожата му била со две лица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Боја ли е кроткоста во басмата со две лица или е басмата кротка со двете свои бои...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Јас и Ти две страни на огледало, месечина со две лица, меч, камен и оган.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тој момент од другата страна на улицата се појавува пајтон. Арсо видува две лица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Те сретнав сосема случајно, тогаш кога не те барав ни во сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Винстон штотуку го заземаше своето место во еден од средните редови, кога две лица што ги знаеше од видување, но со кои никогаш немаше разговарано, влегоа неочекувано во собата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)