две (бр.) - сув (прид.)

По десетина минути, стариот го симна торбулето од рамото и од него извади две жолти дуњи, две суви китки босилек, едно крајче мувлосан леб и празно пагурче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Очите му беа два мокри јаглена, две ѕирки маглосани со перде, две суви локви обраснати со шевар.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најдоа две суви буки. За едната го врзаа Дорча, а на другата седнаа да се починат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)