девет (бр.) - саат (имн.)

Кон осум девет саатот црквата се наполни, Тие што имаа „пресни мртовци“ донесоа пченица и поскури да ги препее дедот поп и да им раздадат за душа, некоја невеста дошла да си прави молитва со малечкото на шест недели; други ќе крштаваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- До девет саатот сум овде... од девет лумпувам во бифето на гара...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Девет саата си на работа, два у кола, уште два ги носиш децата на секции, спорт и сл., на јадење губиш саатипол, гледаш телевизија 2 саата, саат на туширање и средување, саат на поливање трава или чистење снег, еден саат се расправаш на телефон со разни аквизитери, саат проаѓаш со домашното на децата и у најбољи случај ти остануваат три саата за спање.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)