Мислел ли Посникот дека Граматикот ќе гласа за Филозофот, па штом е така, тој може гневот и злобата своја да ги запише, страсната суета да ја задоволи, гласајќи спротивно; Граматикот мислел ли дека Маргарит Духовникот ќе гласа „за“, та затоа нему допуштено му е да биде против Филозофот, а за злобата своја, и мислел ли секој од нив за другиот дека ќе ја сокрие зависта негова, и така единаесет пати?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)