обете (бр.) - шепа (имн.)

Кога заѕвони шината и луѓето почнаа да застануваат во редици пред казаните таа, држејќи во обете шепи сливи што ги собра вчера, со растреперен чекор, со образи облеани во солзи, оди од жена до жена, од маж до маж и моли: - Земете, добри луѓе, каснете, каснете за душата на Ристо, син ми...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Челникот со обете шепи ја зграпчил над зглобот раката на Мечкојадовиот противник и ја повлекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, обајцата легнати на рамо и со доближени очи еден до друг, само бревтале, брзо, диво и искинато, и потаму бутајќи ги јатаганите во меката неотпорност на крвавите појаси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога со обете шепи и ги стиснал повиените раменици на непоканетата но со своја цел дојдена гостинка, не со брзо подавање како по плен туку со достатно сила да му остане во рацете она што го држел, го видел уште на земја и бледото лице на најмладиот од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со крајна претпазливост се одвоил од земјата и со притаено движење ѝ се доближил на девојката од зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)