Јован ја понесе со себе, за последен пат, миризбата на пресно варено млеко, која испаруваше од нејзините пори, кога се гушнаа... ја остави со осум деца, иако тоа не е машки, по патот одјава кон планините... ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тие и самите немаат што да јадат - имаат осум деца, па за нас ќе мислат.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Сите осум дете ѝ загуби. А девета ламја избегала. Избегала в црква Аранѓела.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Те натепав зашто нема вода со која ќе го измијам срамот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се свртел ненадејно и се сопнал на едно од осумте деца на вујкото, го превртел, го оставил да лежи крај неколкуте празни стомни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Осум деца, се свртел кон најблиските.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој имал многу дечиња. Имал седум - осум деца сиромавиот и го молел да му дает нешто, да му помогнет, да му дает брашненце, некоја парица, некои работи вака да му припомогнет.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
На стрина ми околу осум деца ѝ се родија и сите умреа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)