стотина (бр.) - гранка (имн.)

Тоа беа тие други зборови: разновидни И секој на посебен начин своеглав А ги прибра од исто дрво (од една дарежлива овошка, со стотина гранки можеби И уште со по стотина гнезда на секоја гранка И уште со по стотина стотици зборови во секое гнездо) Испилените слогови и расплаканите букви од крошната Лично ти ги подаде Вистината, со насмевка На оџачар кој верува дека раздава среќа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)