стотина (бр.) - километар (имн.)

Слушнав дека во Руан, кој се наоѓа на стотина километри од Париз, француските училишни власти се согласиле на македонските деца, во едно училиште, два часа неделно да им се држат часови по националните предмети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најинтересни се страствените пушачи. Ако пушат по три пакла дневно, тоа ги кошта 1.000$ месечно. E, у тој случај палат кола и идат на стотина километри према прериите.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Малите јагулчиња во огромни јата долги и по стотина километри, гонети од инстинктот, тргуваат по патот на нивните родители, врвејќи го по две години за да дојдат овде во езерово...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Границата не беше далеку од Прага - одвај стотина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Причините се јасни. Од Солун е оддалечено одвај стотина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се обидуваше според својата интуиција, која никогаш не го напушташе, да му дава друго, дополнително значење на обичниот природен феномен: долетувањето на галебите, по стотини километри низводен лет, за да стигнат кај други луѓе, во друга земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од Брисел кон Северно Море Раздалечината од Брисел до Северното Море, од стотина километри, брзо се мине, речиси, за час.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)