И сега, ако ви се мили животите и кулата од чорбаџи Јована, и овците негови, и јарците, и маазите од чорбаџи Тошета и Данабаша, ќе ни броите овде пет стотини лири и ќе си ја продолжите веселбата. Не броите ли, сете ќе падните на душемето и ќе и го дадиме огнот на кулата, да не се мачат селаните да копаат утре гробови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако ни поможе да го најдеме агата или некој од синови му, ќе и собериме со нас и ќе паднат пет стотини лири, ако не и повеќе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас продавам татко, дедо, како тој што рекол, та може ќе речам повисоко, туку знаиш како велите вие каурите „со еден мавнување дрвото не се сечит", та и јас, ќе речам да платите пет стотини лири и интизапот царцки што ќе фатит.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Димо пак го направи Бина будала што не зема стотина лири и почна да му докажува и нему, како на неговите старавинци, оти грчка наука е вистинска наука, а бугарската лажна и украдена од грчката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Е, море, кој рече „неќу" или „не давам", сам нека си го носи греот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Главно е, море, сега да и довардиме лејките, та потамо белки ќе поолабави, стопана му — се искажа Трајко и уште тука во авурот седна со азите да ги расфрла петте стотини лири на двесте куќи село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)