Слободно сметајте дека повеќе од стотина семејства денес за ручек ќе седнат на маси стружени и ковани од моиве раце.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Навистина жалам дека не сум вешт во резбарството; немам фат за да дотерувам и да создавам форми од кои на штотуку одомените домаќинки на нашите новородени големци ќе им застанува здивот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сретнав еден таков мајстор, беше дојден од престолнината, мислам Ресенечки се викаше: умее и витрина да обликува, и легла, а и маси и столови какви што користел само некој француски крал.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува до ковчезите за сахрани, јас најсериозно сметам дека им минува времето. Наскоро ќе се најдат на отпад.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)