Сега беше многу потешко да се чекори, при секое пречекорување пропаѓаше до половината во тој мек снег, беше заздишан само по првите стотина чекори, но тоа беа правилата на таа игра и она, што можеше досега да оди по дирата, беше само една олеснителна околност за него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас бев првиот што излегував од кругот на незадолжителната Таткова стратегија и, наместо во средно стручно училиште, го продолжив школувањето во гимназијата која беше на стотина чекори од нашата куќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
По стотина чекори, сега на албанска територија, им се придружи офицер на албанската војска, кој им рече на грчки: - Другар генерал, џипот чека. Коњите ќе останат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Стотина чекори подолу луѓе се качуваа на камион. Забрза натаму. Моторот беше веќе запален.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)